Младите со љубов за најмладите

Младите со љубов за најмладите. Во среда (16 март 2011) во клубот 69, со почеток од 23:00 часот, ќе се одржи голема хуманитарна забава.

Забавата е во организација на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, и е со цел да се приберат средства за хуманитарни цели.

Вечерта за посетителите ќе настапуваат Верица Пандиловска, Маја Вукичевиќ, Соња Тарчуловска, Елена Петреска, Ристе Тевдоски, Јован Јованов, Елвир Мекиќ, Александар Белов, Амајлија Бенд, Оливера Ѓоргоска, Дарко Илиевски, Магдалена Цветковска – Ена.

Средствата што ќе бидат собрани ќе бидат донирани во ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата – Скопје.

Бидете хумани, поддржете ја оваа манифестација, присуствувајте и донирајте.

Фејсбук групата со поддршка на акцијата можете да го погледнете ТУКА.

You May Also Like