Од вчера, (среда) 11.05.2011 година, Зоолошката градина е побогата за неколку нови животински видови. Во попладневните часови пристигнаа новите жители на Зоо Скопје, донација од три европски зоолошки градини, и тоа:
– 1 камила,
– 1 европски бизон,
– 1 американски бизон,
– 1 гибон,
– 2 патас мајмуни,
– 5 мангаби мајмуни
донација од зоолошката градина Берлин (Tierpark Berlin), Германија;
– 1 бел буф
донација од Zoo Halle, Германија;
– 1 бел буф
донација од Zoo Olomuc, Чешка Република.
Животните се сместени во нивните живеалишта, а ние ви ги презентираме ексклузивните фотографии.