Канскиот фестивал свечено отворен со „Полноќ во Париз“ на Вуди Ален

Оваа година 49 филмови од 33 земји ќе бидат прикажани на фестивалот вклучувајќи и 44 светски премиери. Учество земаат 4000 новинари ширум светот. На црвениот килим Анџелина Џоли, Бред Пит, Шон Пен, Пенелопе Круз, Роберт де Ниро, Мел Гибсон и Џони Дeп го најавија препознатливиот сјаен почеток на уште едно големо филмско збиднување.

Холивудските ѕвезди и неколку независни филмски режисери ќе го окупираат центарот на внимание на филмски фестивал во Кан, кој вчера се отрвори со филмот на Вуди Ален „Полноќ во Париз“.

Педро Алмодовар, Нани Морети, браќата Дарден, Аки Каурисмаки и Ларс фон Трир, кои ќе се натпреваруваат за Златна палма за најдобар филм. Белгијците, браќата Дарден имаат шанса да станат први режисери кои три пати добиле Златна палма со својот филм „Момче со велосипед“ (The Kid With a Bike) додека миленикот на фестивалот Алмодовар ќе се обиде да ја освои своајта прва палма со филмот „Кожата во која живеам“ (The Skin I live In). Данецот Фон Трир се враќа, две години откако неговиот „Антихрист“ ја шокираше канската публика со сцените со секс и насилство. Овојпат, режисер е во Кан со филмот „Меланхолија“ каде Кирстен Данст глуми невеста која се подготвува за венчавка додека на Планетата и се заканува уништување.

Американскиот ветеран Терен Малик се враќа во главната натпреварувачка програма со своите пет филмови – посакуваната семејна сага во 1950-тите „Дрво на животот“ (The Tree of Life) во која главна улога ја играат Бред Пит и Шон Пен.На Кан ќе биде прикажан и биографскиот филм „Поход“ (La Conquete) за францускиот претседател Никола Саркози и неговата победа на изборите во 2007 година и распадот на бракот со Сесилија. Блокбастерите „Кунг Фу Панда 2“ со Анџелина Џоли и Џек Блек и четвртото продолжение на „Пирати од Карибите“ со Деп и Круз исто така ќе најдат место во Кан.

На Канскиот фестивал ќе биде прикажан и шокантниот документарец на британскиот актер и режисер Кит Ален „Неправедно убиство“ (Unlawful Kiling) со црно-бела фотографија на принцезата Дајана снимена неколку моменти по сообраќајната несреќа во Париз 1997 година.

Оваа година 49 филмови од 33 земји ќе бидат прикажани на фестивалот вклучувајќи и 44 светски премиери. Учество земаат 4000 новинари ширум светот.

Автор: Љубица Поповска

You May Also Like