На 8 Септември 2011 година, со почеток во 12:00 часот на Плоштад Македонија митинг против промена на името.
Ги информираме македонските медиуми дека на ден 8 Септември во 12:00 часот на Плоштад Македонија, на денот на независноста на нашата единствена татковина со протест за заштита на името на оваа држава ќе излеземе да ги потсетиме сите од обични граѓани до највисокиот државен врв дека пред можен референдум за името ние Македонците сме ПРОТИВ БИЛО КАКВИ ПРОМЕНИ.
Ова е протест за прекин на преговорите за обезличување. Протест за заштита на правата за национална јазична и културна самоидентификација гарантирани од меѓународната конвенција за човекови права на Обединетите Нации, меѓународната конвенција за човекови права на Европската Унија и многу други меѓународни договори кои го бранат основното човеково право на дигнитет и достоинство.