Современ холандски филм во Кинотеката на Македонија

Третото последователно претставување на современиот холандски филм на граѓаните на Македонија им претставува интригантни, возбудливи и инспиративни остварувања. Од 21 до 27 април, Кинотеката на Македонија ќе ја има свежината на новиот Холандски филм, игран, документарен и краток игран филм во селекција на филмскиот критичар и селектор Рада Шешиќ.

Кинотека на Македонија
Кинотека на Македонија

Повеќето од избраните филмови веќе ги имаат добиено признанијата на најголемите светски фестивали како Кан, Берлин, Ротердам и ИДФА. Само да потсетиме дека публиката во Македонија беше позитивно изненадена со предходните две изданија под насловот HIGHLIGHTS OF THE LOWLANDS, бидејќи открија дека филмот од оваа мала, но по жители многу населена земја, може не само да биде забавен и шармантен, туку и инспиративен, социо – политички релевантен, кинематички многу модерен.

Холанѓаните му посветуваат големо внимание на филмот и на филмското производство, наградувајќи ги посебно оние кои добро комуницираат со публиката, било дома или во светот. Секој филм кој има 100 илјади гледачи дома добива титула на Златен филм и голема парична награда, а слично е и со бенефициите за оние кои освојуваат награди на странските фестивали.

Пред неколку години излезе мотото: Холандскиот филм треба да биде воден од побарувачката, а не од понудата. Затоа многу се работи токму на сценарио кое пред самото снимање се обработува во рамки на работилница, а за краток филм една од телевизиите распишува конкурс за 10 најуспешни сценарија кои ќе бидат реализирани со нивни средства. Токму од таа продукција се избрани филмовите за ова издание на HIGHLIGHTS OF THE LOWLANDS патувачка холандска кинематографија.

Филмската соработка помеѓу Македонија и Холандија се движи во добра насока. Овогодишната филмска програма е проширена со мастер час од Холандскиот режисер и продуцент Андре Шројдерс кој ќе се одржи на 21 април во 12:00 часот во Кинотека на Македонија.

Андре Шројдерс на покана на Јавна Соба од Скопје ќе реализира филмска резиденција во Скопје на почеток на 2012 година. Целта на неговиот неколку месечен работен престој е истражување на одредена тема и снимање на територија на Скопје.

Синоличка Трпкова предводеше група од 6 млади актери на филмската работилница под наслов “Домашно насилство и борбата против истотo” вo склоп на  фестивалот “Источни Соседи” октомври 2010 во Утрехт. Младите актери од Македонија работеа заедно во група со 26 млади таленти од Холандија, Хрватска, Србија, Албанија, Босна и Бугарија. Финален производ од работилнцата се 8 кратки филмови кои премиерно ќе бидат прикажани во Македонија во 19:00ч на 21 Април во Кинотека на Македонија.

Филмската програма ќе започне со играниот филм “Не можеш  да изгубиш” (Win/Win) на Jaap van Heusden, добитник на повеќе светски награди. “Не можеш  да изгубиш” (Win/Win) ја носи публиката во интмниот свет на поединецот каде што владее страст, опсесивност, предивик, возбуда и ризик. Станува збор за игри со пари, опклади и зависност. Отворањето ќе биде збогатено со прикажување на краткиот филм Светло на Андре Шројдерс, кој е и специјален гостин на фестивалот.

Како што е познато во историјата, Холанѓаните се големи патници, истражувачи, народ кој е заинтересиран да ги открива и запознае другите култури, новите обичаи, да набљудува, ужива во разноликоста и да го донесе дома она што кај другите е најдобро. Така е и со филмот. Холанѓаните често снимаат филмови во странство, откриваат нови приказни на други места, ги обработуваат на свој начин и ги вообличуваат во свој интелектуално – естетски код. Така со ова издание на програмата HIGHLIGHTS OF THE LOWLANDS патуваме со еден од највозбудливите документаристи на светот, Хеди Хонигман, во Перу и со нејзиното око го набљудуваме животот на улица во родниот град на авторката – Лима во филмот ЗАБОРАВ (El OLVIDO).

Филмот за само 7 седмици имал 10 илјади посетители во Холандија со што ја добил титулата Кристален филм. Играниот филм НИШТО ЛИЧНО (NOTHING PERSONAL), е победник на фестивалот Локарно каде добил уште пет други награди, како и добитник на 4 најголеми признанија дома – Златно теле на фестивалот во Утрехт. Овој филм ги води гледачите во излолираноста и зачудноста на Ирска.

Амстердам е град со жители од преку стотина разни нации и често е место на случување на разни филмски приказни. Во интимистичкиот, многу минималистички направениот КАТЈИНАТА СЕСТРА (KATJA’S SISTER), ја следиме приказната за руските емигранти. Филмот го има режирано една од водечките авторки на денешницата Mijke de Jong чии филмови веќе редовно се прикажуваат во Берлин и Ротердам, а истовремено е и омилена кај публиката во домашните киносали.

Интригантен филм, документарниот, победник на ИДФА фестивалот 2009, КОЦКАР (THE PLAYER) на John Appel ќе биде прикажан на 25 април (понеделник) во 20.00часот.

You May Also Like