Нов филм на репертоарот на градското кино Милениум. Интересен научно – фанастичен акционен филм, кој вреди да се погледне.
„Битка: Лос Анѓелес“
Почеток на претставите: 20:00 и 22:30 часот
Наслов на филмот: „ Битка: Лос Анѓелес “
Наслов на оригиналот: “Battle: Los Angeles”
Жанр: Акција, Трилер
Земја на потекло: САД
Времетраење на филмот: 116 минути
Режија: Џонатан Либесман
Улоги: Арон Екхарт, Мичел Родригез
Содржина:
Со години низ светот постојат документирани случаи на забележување на „неидентификувани летечки објекти”. Во 2011 еден од овие случаи ќе стане сурова реалност , Земјатаќе биде нападната од мистериозни вонземски сили. Големите светски градови се поразени, а Лос Анѓелес е последната одбрамбена линија. Наредникот Мајкл Ненц (Арон Екхарт) и неговиот вод Маринци се последната линија на отпорот која ќе му каже НЕ на непријател каков што никогаш не сретнале.
„Битка: Лос Анѓелес“ е научно-фанастичен акционен филм инспириран од теоријата за „Големиот воздушен напад врз Лос Анѓелес“ за време на Втората светска војна. Во осумдесетите, неколку теории на заговор го препишуваат “нападот” на вонземјани, но владата го карактеризира целиот настан како “воена параноја”.
Режијата е на Џонатан Либесман (Соба за убивање, Тексашки масакр со моторна пила:Почеток), а играат : Арон Екхарт познат по филмовите Бетмен: Темниот витез, Наплата,Црната Далија како и Мичел Родригез (SWAT, Аватар, Дежурно Зло) и мултиталентираниот изведувач Не-Јо.
Mоментно број 1 на листата на најгледани филмови на „box office“(кино благајните). Потенцијално најгледаната акција за оваа година, спасот на човештвото во рацете на неколку храбри луѓе.