Винкова Конференција организира голем хуманитарен концерт на 18-ти мај, почеток во 19 часот во Дом на култура – Битола. Покрај загарантираната одлична забава, основна цел на овој концерт се средствата кои ќе бидат наменети за потребите на манастирот “ Св. Кирил и Методиј “ – село Лознани.
Во забавниот дел на програмата учество ќе земат естрадни уметници како Ламбе Алабаковски, Бојан Стојков, Соња Мембрено, Коста Хаџикојчев, група „Памперс“, група „Деспина“, и хорот „Ѕвончиња“ под покровителство на Марина Коруновска.
Хуманитарниот концерт ќе го разубави модната ревија на тазе отвореното ексклузивно студио за венчаници “ Ани Граси “. Картите се продаваат по цена од 100 денари.
Автор: Љубица Поповска