“Life Action / Game Action” во Мала станица

Вечерва,  (вторник, 7 јуни 2011 година) во Националната галерија на Македонија објект Мала станица, во 21:00 часот, ќе се отвори програмската изложба насловенa „Life Action / Game Action” на 6-мина претставници на младата македонска арт сцена, но веќе зрели и афирмирани уметници, и тоа: Гордана Вренцоска, Славица Јанешлиева, Борис Шемов, Игор Сековски, Гоце Наневски и Александар Спасоски, кураторски проект на кустосот Ана Франговска Стојановска.

Оваа изложба обработува еден поинаков аспект на големите и наметнати квази кураторски проекти, во кои наместо кураторот да се наметне со свој „над-димензионален“ и „над-временски“ концепт, едноставно реши да предложи „лакрдија“ од изложба, во која една од предоминантите е да се претстават авторите со инсталации, објекти, настани, акции со кои се непрепознатливи кај публиката и во поглед на медиумот на изразување и во поглед на визуелно-сижејниот дискурс.

Од друга страна изложбата и концептот пледираат кон апострофирање на анемијата и апатијата која доминира со македонската ликовна сцена веќе подолг временски период, пришто свесноста за тоа, дури и со самокритички предзнак, е инфилтрирана во самиот корен на базичниот контекст и тенденцијата за „лакрдија“.

„Како се чувствуваат во моментот?“ Дознајте повеќе преку модусите на оваа екипа.

You May Also Like