Смена на директорското место во скопската Зоолошка

Дане Кузмановски, директорот на Јавната установа „Зоолошка градина – Скопје“ , поднесе оставка на функцијата директор.

Кузмановски оставката ја поднесе поради ангажман на друго работно место, а за вршител на должност директор, до распишување на конкурс, е назначена Татјана Стаменов, вработена во Зоо Скопје. Зоолошката градина е институција под ингеренции на Град Скопје.

Му посакуваме многу успех на досегашниот директор, во новите работни ангажмани.

You May Also Like