Изложбата на ракотворби во црквата „Св. Спас“ и продажниот базар во Капан ан се дел од проектот со заедничко име „Вредни раце чуда чинат“ кој стартуваше денеска (понеделник, 9 јули) и ќе трае до среда (11 јули).
На продажните штандови во Капан ан, кој е отворен од 10 до 20 часот, има народни носии, производи од природни материјали, килими, филигран, слики од срма, сувенири од дрво, крзно и кожа, резбани икони, грнчарија.
Настанот е дел од Неделата на чаршијата и од проектот „Еко етно Македонија – вкусот на традицијата“ чија цел е негување на традиционалните вредности.
За заживување на чаршијата Министерството за култура им помага на занаетчиите и работи на расчистување на имотно-правните проблеми со дуќаните. Покрај Безистенот кој им е доделен на користење на уметниците од ДЛУМ, преку Занаетчиската комора овој месец е во план доделување имотно-правно расчистени дуќани на занаетчии за да работат во чаршијата.
Организатoр на настот е СИМ-Дизајн од Скопје, а проектот „Еко етно Македонија – вкусот на традицијата“ произлегол од Денот на идеи што пред две години го организираше Министерството за култура.
Изложбата за отворена ја прогласи министерката за култура на Република Македонија – Елизабте Канческа Милевска.