„Парче душа“ со Упа во кафе Ли

Парче душа – проектот на говорење македонска поезија на актерот Љупчо Тодоровски – Упа, после одлично посетените и примени од публиката летошни десетина настапи пред црквата „Св.Јован Богослов“ на Канео, во Охрид, продолжува во Скопје, во култната кафе – книжарница Ли.

Седмиот настап на „Парче душа“ ќе имаме можност да го проследиме оваа среда од 19:30 часот.

„Парче душа“ е избор на поезија што Упа ширум Македонија ја рецитира подолго време.

Намерата на Тодоровски е оваа запоставената област на актерско и сценско изразување – рецитирањето повторно да си го заземе своето место, да ја поврати публиката и состојбите на душата што тоа, рецитирањето ги предизвикувало.

Упа верува дека рецитирањето има публика, може да стане традиционално и долговечно и да биде поттик и охрабрување за и други уметници да си одберат свое место и ден за настап, и да си најдат своја публика.

You May Also Like