Kрокодилот во скопската зоолошка избегал од живеалиштето

Мажјакот крокодил од Зоолошката градина во Скопје избегал од своето живеалиште, направил кратка прошетка и влегол во езерото со патките, потврдија од Зоолошката градина.

За среќа, не настанал поголем инцидент, бидејќи утрото крокодилот бил најден во езерото и бил повторно дислоциран во своето живеалиште.

Очевидци пак тврдат дека операцијата за враќање на крокодилот Гањо се одвивала додека Зоолошката била отворена и имало посетители.

Во Зоолошката градина во Скопје има два крокодили, мажјак и женка. Женката останала во своето живеалиште, а мажјакот ја направил ноќната прошетка.

Извор: Призма

You May Also Like