Симнување на Месечината

Тоа се прави на следниов начин. На полноќ кога се спие, жена вешта во магии со соблекува сосема гола и со молчење замесува и пече погача без некој да ја сети.

Потоа таа гола оди на некоја полјана каде што на средината ја става погачата и прави голема нужда на три места по периферијата. Потоа прави секакви мимики и движења со телото при што постојано гледа во полната месечина и ја вика кон себе си. Месечината почнува да се затемнува на небото и во вид на посебна светлина слегува кон земјата и кон погачата.

Колку повеќе се доближува до земјата станува се поубава шарена крава и движења со телото започнува враќање на кравата. Кравата започнува да се враќа по истиот пат, постепено ја губи формата на крава и најпосле се јавува на небото во вистинската форма. Тогаш жената се враќа дома, замесува нова погача со измолзеното од месечината црвено млеко ја испечува и дури потоа се облекува. Сето тоа се прави во една ноќ во целосна самотија и молчење, а жената треба да биде „голопара“ (совршено гола“.

Од приготвената погача со млеко од месечината се дава во некои случаи на момче кое не ја сака некоја мома, за да ја засака и да ја земе, или пак на мома која не го сака некое момче.

Според зборникот „Народописни материјали од Разлошко“ од браќата Димитар и Константин Молерови, Софија 1954 г.

You May Also Like