Новоформираниот Центар за едукација и менаџмент во спортот (ЦЕМС)е создаден со цел унапредување и развој на спортот, како и промоција и афирмација на членовите (спортисти, професионални тренери и љубители на спортот) кои членуваат во истиот.
Центарот за едукација и менаџмент во спортот функционира преку мрежа на координатори кои се поставени низ целата Република во околу 30 градови и имаат одговорност и надлежност за стопроцентно спроведување на активностите на Центарот за својата општина. Исто така формирани се и комисии кои бројат од 10 до 15 членови од секој спорт, составени од спортски работници и спортисти.
ЦЕМС ги опфаќа следните спортови: фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, пливање, ватерполо, кајак, скијање, карате, џудо, борење, бокс, теквондо, пинг понг, тенис, автомобилизам, велосипедизам и атлетика.
На прес конференцијата денес беа прeтставени пред јавноста претседателите на комисиите, соработниците и пријателите на ЦЕМС и беа соопштени плановите и активностите кои Центарот планира да ги реализира во иднина.