Годишна изложба на основни училишта „ Динка и јас“ во објектот Даут пашин амам. Отворањето на изложбата е денес (вторник, 21.05.2019), во 13 часот…
Годишната изложба на основни училишта, и оваа година им овозможи на најмладите преку учество во ликовните работилници да совладат одредена нова ликовна техника и да се запознаат со творештвото на нашите најголеми македонски ликовни автори. Оваа година тие се запознаа со ликовното творештво на проф. Константин Танчев Динка, еден од водечките мајстори во дизајнот, особено во изработка на плакати.
Инспирирани од делата на овој ликовен уметник, учениците учеа за значењето на плакатот во системот на информирање. Во текот на работилниците, употребувајќи текст и слика, тие дизајнираа голем број плакати кои ќе бидат претставени на изложбата со наслов „Динка и јас“.
Изложбата ќе биде отворена на 21 мај 2019 година, во 13 часот во објектот Даут пашин амам.
Преку ваквите проекти учениците ја збогатуваат својата визуелна писменост како дел од сите други облици на знаења и вештини. Оттука, за нас како инстутуција тоа преставува поттик за организирање на што поголем број вакви ликовно едукативни проекти.
Едукативните работилници и изложбата со наслов „Динка и јас“ се проект од Годишната програма на Националната галерија на Македонија, подржани од Министерство за култура под менторство на едукаторот Маја Димитрова.
Изложбата ќе биде поставена 27.05.2019