Свечено затварање на Бит Фест

Широк Сокак во бело и Кирил Џајковски (сабота 27.08.2011) Убавина, ноќна светлина, мир, топлина.  La Vita e Bella – вели италијанската изрека.  Во Битола навистина животот е убав, а уште поубави се културните настани кои ги обединуваат луѓето со најразлични желби, цели и интереси.

Портал2, Симбол, Папаз кафе, Кафе ин, Инстинкт, Игучи, Легенд, Данте, Лектира и Пица ресторан Милениум поддржани од пиво Амстел, решија на несекојдневен специфичен начин да го раздвижат Широк Сокак, да донесат една поинаква свежина за која најотворен е БИТ ФЕСТ.

Широк Сокак во бело е манифестацијата која се роди од идејата на овие локали, а Општина Битола како и сите креативни луѓе ги поддржа и сопствениците и менаџерите на Портал2, Симбол, Папаз кафе, Кафе ин, Инстинкт, Игучи, Легенд, Данте, Лектира и Пица ресторан Милениум.  Со заеднички ангажман и заеднички придонес за Битола на крајот на најдолгото и најбогато со содржини културно лето во Македонија на најавтентичната битолска улица Широк Сокак ќе настапи Кирил Џајковски.

Оваа вечер која е посебна за Битола,  ќе започне во 20:00 часот со Модната ревија ,,Рециклирај се и рециклираното е убаво”. Идејата за проектот ,,Рециклирај се и рециклираното е убаво” произлезе од интернационалниот тренинг – “Let’s Play with Sokrates” кој се одржа оваа пролет во Ниш, на кој преку „АМОС“ како партнерска организација, учествуваа Марио Додовски, Марија Јовановска и Михаела Димовска, како и од еден претходен тренинг – “TO – Gender” во Белград каде учествуваа млади актери од Битолскиот народен театар.

Целта на овој проект е граѓаните да станат посвесни за загадувањето на нашата планета и ограничените ресури кои секојдневно се повеќе се трошат. Со оваа ревија сакаме да ги поттикнеме луѓето да ги рециклираат материјалите и да го редуцираат сметот. Исто така граѓаните ќе имаат можност да видат нешто ново и неконвенционално, кое истовремено е интересно и корисно. Ова е прв проект од голем карактер кој како асистенти координатори  го подготвуваме аматерски, со помош на професионалци.

Ревијата е дел од овогодинашниот БИТФЕСТ, а ја организираат Центарот за човекови права „АМОС“ и Прва Приватна Гимназија- Битола во соработка со општината. Сите креации се направени од неконвенционални рециклирани материјали- пластика, весници, изолир, најлонски ќеси и слично. Креациите ги изработивме рачно, а при изработката имавме помош од консултантите експерти Благој Мицевски и Лили Кадинска. Накитот е изработен рачно, од глина, а го изработи Марија Јовановска. За фризурите и шминката наши спонзори се Пеце Шеровски од Студио „Ин“ и Марина Цигарида (AVON-Битола).

За оваа модна ревија, освен дизајните на Марио Додовски, со свои креации учествуваат и Никола Петровски , Андреј Ѓорѓиевски и Стефанија Насеска. Сите дизајни се за женска облека. Да се подигне свеста кај граѓаните за загадувањето на планетата и ограничените ресурси и граѓаните да се поттикнат на рециклирање и редуцирање на сметот.

Ревијата ќе се одржи на 27.08.2011, на Плоштадот Магнолија со почеток во 20:00 часот, како дел од свеченото затворање на БИТФЕСТ 2011.

Во 20:30 во Старата турска куќа Магаза ќе биде отворена изложба на фотографии од сите над 130 настани кои изминатиот период од 68 дена се случуваа во рамките на најдолгото и најбогато со содржини културно лето во Македонија – БИТ ФЕСТ.

Откако изложбата ќе биде отворена забавата продолжува на Широк Сокак во бело, каде Портал2, Симбол, Папаз кафе, Кафе ин, Инстинкт, Игучи, Легенд, Данте, Лектира и Пица ресторан Милениум под еден звук ќе ги забавуваат гостите.  За настанот Широк Сокак во бело кафе баровите добиваат поддршка и од АМСТЕЛ.  За музичкиот дел во овој голем дел на Широк Сокак во 21.00 часот ќе се погрижи DJ Бобан, а во 22.00 часот DJ Ацика.

Во 23.00 часот на најамбиенталната улица Широк Сокак доаѓа специјалниот гостин Кирил Џајковски.  Пред настапот на Џајковски, покровителот на фестивалот, кој ја поддржува и оваа специјална вечер во Битола,  Градоначалникот Владимир Талески, ќе ги поздрави гостите на Широк Сокак, потсетувајќи ги за се она што досега можевме да видиме и слушнеме во рамките на БИТ ФЕСТ.

You May Also Like