Ќе се доделат првите 40 национални пензии за култура

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, утре (сабота, 3 март 2012 година) со почеток во 12:00 часот во салата на Музејот на македонската борба, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим, ќе ги додели првите 40 решенија за национални пензии во согласност со измените на Законот за културата.

Со овој Закон, почнувајќи од јануари 2012 година, се отвори можноста уметниците и другите стручни работници од областа на заштитата на културното наследство, кои се добитници на наградите „11 Октомври“, „Св.Климент Охридски“ и „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во културата или за животно дело, да имаат право на месечен надомест од Министерството за култура во висина на разликата меѓу пензијата што ја остваруваат и највисоката пензија во Република Македонија.

Додатокот на пензијата е потврда на грижата за уметничките вредности на делата создавани од македонските културни творци кои овозможија нашата земја да биде дел од светската културна ризница.

You May Also Like