Изложбата ќе биде отворена денес (сабота, 27 август 2011 година), на денот на свеченото затворање на Битолското културно лето во 20:30 часот во Галерија Магаза, а е составена од 16 панели на кои се наоѓаат фотографии од над 130 настани кои во изминатите 68 дена се случуваа во рамките на шестото издание на најдолгото и содржински најбогатото културно лето во Македонија – БИТ ФЕСТ.
Оваа изложба на Сашо Ристевски кој 20 години работи како фоторепортер во Битолски весник, е трета по ред на тема ,,Бит фест”.