Промоција на зборник и изложба за политичките осуденици

Вечерва (четврток, 16 август, 2012 година) во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 20:00 часот ќе биде промовиран Зборник на политичките затвореници од периодот 1945-1990 година.

По промоцијата следува и изложба на тема „Прогонувани, затворени и осудувани за самостојна Македонија“. На настанот ќе говорат директорката на Центарот м-р Драгана Боцевска и Никола Андонов претседател на Здружението на граѓани политички прогонувани, затворани и осудувани за идеите за самобитност на македонскиот народ и неговата државност.

You May Also Like