Вечер (четврток, 16 август, 2012 година) во 22:00 часот во Магаза ќе биде прикажан филмот на црногорскиот режисер Бранко Балетиќ „Локален вампир“.
Филмот зборува за мајката која објавува лажна смрт за нејзиниот син, со цел да го спаси од коцкарските долгови. Синот се крие и излегува само во текот на ноќта како вампир со намера да се одмазди на неговите противници и додворувачите на неговата мајка и неговата вдовица …
Филмот содржи елементи на акција, еротика и хорор, но во основа тоа е комедија за поединци во општеството и економијата кои се во транзиција.
Проекцијата е дел од Балканскиот филмски караван во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „Есра“.