Манифестацијата ќе се одржи на 4ти декември, вторник во Македонска Опера и Балет. Иницијативен одбор за Македонија Секаде и Секогаш се: Борис Трајанов, Ефтим Клетников, Стојан Стојков, Васил Атанасов, Ристо Никовски, Запро Запров.
Средствата ќе бидат донирани на Здружението на граѓани за ретки болести Живот со Предизвици, и ќе бидат со намена за купување на лекови за дете болно од Алажил Синдром.
Во Македонија има само едно дете заболено од Алажил Синдром. Алажил Синдром е мултисистемска наследна ретка болест. Децата со овој синдром, страдаат од прогресивна загуба на жолчните канали во црниот дроб и стеснување на жолчните канали надвор од црнот дроб. Се предизвикува оштетување на црниот дроб што може и да доведе и до цироза.
Со правилен третман симптомите на болеста се стабилизираат и може да се има скоро нормален живот. Како третман за ова заболување се користи посебна млечна формула за да се подобри состојбата на детето и исто така се даваат и витманиски инекции за да се подорби и растот на детето. За црниот дроб се користи и Урсофалк кој ги олеснува симпотомите.
Во Македонија никој не ја увезува посебната формула, поради што родителите мора да ја набавуваат од странство, а Урсофалкот може да го добијат на рецепт само пациенти со Цистична Фиброза. Се надеваме дека во преговори со Фондот и Министерството за Здравство ќе успееме да го решиме овој проблем понатаму, но краткорочно, средствата собрани од манифестацијата ќе помогнат во третманот на болеста.