Во организација на Културно-информативниот Центар на Македонија во Бугарија и Културно-контактните точки на Македонија и Бугарија, вчера (вторник, 11 јуни 2012 година) во салата “Сцена 17” во просториите на Министертвото за култура на Бугарија, беа промовирани литаратурни преводи остварени преку Програмата “Култура 2007-2013” на Европската Унија.
За можностите кои ги нудат европските фондови од културата преку компонентите на Програмата “Култура 2007-2013” информираа проект-менаџерите на културно-контактните точки на Р.Македонија и Р.Бугарија, Г-ѓа Биљана Прентоска и Г-ѓа Весела Кондакова. Искуствата од финансирањето на литературни преводи од македонска страна ги претстави Г-н Горјан Лазаревски од книгоиздателството “Магор” од Скопје, инаку актуелен претседател на Здружението на книгоиздатели и книжари на Македонија.
На промоцијата беа поканети и бројни книгоиздателства и литературни преведувачи од Бугарија,кои досега биле вклучени во проекти финансирани од Европската Унија. Настанот го отворија, Амбасадорот на Р.Македонија во Бугарија Г-н Благој Ханџиски, Директорот на Културно-информативниот Центар на Македонија во Софија Г-н Васко Шутаров и Директорот на Дирекцијата “Културна политика” при Министертвото за култура на Бугарија, Г-ѓа Дејана Данаилова.