Во чест на петгодишнината од загинувањето на големиот уметник и хуманист Тоше Проески, денеска покрај Феудалната кула до Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи молитвено чествување.
Предвидено е полагање цвеќе, палење свеќи, откривање спомен-ѕид со фотографии и песни од академик Гане Тодоровски посветени на Мајка Тереза и Тоше Проески.
Стихови ќе чита актерката Софија Гогова Врчаковска, стихови на влашки – Биљана Ѓоргиевска, а пораката на Тоше – Валентина Георгиевска. Свое обраќање ќе имаат проф. д-р Љупчо Ајдински, филантроп, Стојан Тренчевски – хуманист и хроничар и Митко Костов, лидер на Лигата на Власите.
Организатори на настанот се „Власите во Македонија“ и Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“.
Загина на 16 октомври 2007-та во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост