Денес, (вторник, 12.06.2012 година) во 11:30 часот, во првиот дел на Градски парк во близина на езерцето, ќе се одржи прес конференција, во чии што рамки ќе се објават деталите за претстојниот прв Фестивал на креативни индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“.
Ќе бидат присутни градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, раководителот на Секторот за јавни дејности на Град Скопје, Тања Балаќ, дел од учесниците на фестивалот, како и извршните продуценти на фестивалот, Здружението за култура и уметност „СПЛУНГ АВТОРИ – Театар 007“.