Празник на Новото Божоле

Денеска (петок, 16 ноемри, 2012)  во 19:00 часот во Францускиот институт во Скопје ќе се одржи предавање на тема „Виното и традицијата во Франција“ на Пол Фуришон, а в сабота во 17:00 часот во „Скопје Сити мол“ е закажана и дегустација на Новото вино Божоле.

Прославата на Новото божоле е традиционален празник на младо вино во многу земји ширум светот. Македонија се придружува во празнувањето на овој убав настан, кој има за цел претставување на француската традиција на виното пред домашната публика, преку дегустација на Новото Божоле и преку специфична церемонија на прием на двајца нови Компањони во редот на Новото божоле.

Г-дин Пол Фуришон, основач и претстедател на Баварскиот ред на Компањоните на Новото божоле, ќе воведе двајца нови членови во овие редови: Божидар Ночев, потпретседател на здружението „Франкофонски круг-Скопје“ и Дарко Башески, Директор на Националниот филмски фонд на Македонија.

Музички настап ќе има и младиот и талентиран хармоникаш Александар Коловски, кој ќе ја анимира публиката.

На церемонијата, специјално за ова пригода, ќе пристигне г-дин Жан-Клод Шлумберже, поранешен амбасадор на Франција во Македонија, сегашен претседател на мисијата ОБСЕ во Косово и долгогодишен Компањон во редот на Божоле, кој ќе се придружи на церемонијата.

Во текот на настанот, кој ќе се одржи пред хипермаркетот „Керфур“, публиката ќе има можност да дегустира од виното Ново Божоле, во комбинација со француски сирења.

You May Also Like