Денеска (16 ноември, петок) во зимскиот клуб Сектор 909 македонската издавачка куќа Логос ќе го прослави својот петти роденден со настап на францускиот диџеј и продуцент Madben.
Издавачката куќа Логос за 5 години успеа да стане препознатлива по својот уникатен звук и квалитет. Во каталoгот на Логос има над 40 изданија од домашни и странски артисти а едно од последните изданија е е и деби албумот на сопственикот на оваа издавачка куќа, Самоил Радински. Музиката на Логос е пуштана од голем број на познати диџеи меѓу кои и Derrick May, Laurent Garnier, Ben Sims.
Младиот француски диџеј и продуцент Madben е ново и возбудливо име на француската електронска сцена. Со неколку изданиja тој успеа да ги покаже своите квалитети и неговата музика брзо стана неизоставен дел од сетовите на Laurent Garnier, John Digweed, Dave Clarke. Познатиот магазин Trax за него вели дека е најсериозен претендент за најдобар дебитант во 2012та а Laurent Garnier во својата радио емисијa 2012та ја одбележа како година на Madben.
Заедно со Madben ќе настапи и Самоил Радински. Забавата започнува на полноќ.