Денеска (понеделник, 10 септември 2012) во 11:00 часот, министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска заедно со д-р Жан Митрев ќе го посетат СОС- Детско село.
За време на посетата Канческа-Милевска на децата згрижени во детското село ќе им подари 70 книги со наслов „ Македонски приказни за Филип и Александар“, од д-р Жан Митрев.
Книгите се резултат од Конкурсот за откуп на самостојно реализирана продукција на Министерството за култура.