Македонците во соседна Грција преку самоорганизирање придонесуваат за поголема меѓусебна сплотеност, но и блискост со нивната татковина.
Како тоа најдобро да се направи, ако не преку музиката? Радио станицата која е достапна на интернет, преку стриминг прави Македонците во Грција, но и секаде во светот, ако ништо друго, барем преку музиката, да не заборават на своите корени.
Посетете го блогот Аegean macedonian culture кој е во најголема мера на грчки јазик, а ги информира Македонците во Грција за локалните случувања. Да се надеваме дека наскоро повеќе ќе се користи македонскиот јазик и во меѓусебната комуникација, а не само низ песните.
Доколку сакате де го чуете ова македонско радио, кликнете ТУКА.