Scream festival низ текст и слика

Во Метрополис арената се случи првиот Скрим фестивал на кој настапија бендови кои спојуваат четири декади музицирање, и на кој уживаше публика од повеќе возрасни групи.

За почеток организацијата не потфрли во однос на влез на фестивалот. Имаше два влеза спремни да ја пречекаат публиката која ја наполни до крај Метрополис арената.

Улогата на бенд кој го отвори фестивалот ја имаше домашниот бенд Беи Д Фиш. Бенд кој станува се подобар во своите настапи во живо. Иако концепциски различни од останатите бендови, плус настапуваа први, сепак дел од публиката уживаше во нивниот настап. Се надевам дека наскоро ќе имаме можност да ги чуеме пак, но на некоја помала, поинтимна сцена и да уживаме во нивната повеќеслојна музика.

Појавата на Ивана и момците од Негатив предизвика ерупција во салата со првите рифови на „Без промене“. Енергично отсвиреа дел од своите хитови и воспоставија емотивна комуникација со младата публика.

Морал, вториот македонски бенд оваа вечер имаа млак настап. Дали причината за тоа е долгата пауза на бендот, или пак преангажираноста на нивниот вокал Влатко Илиевски на други проекти, и не е толку важно. Бледо издание.

Настапот на Дивље јагоде може да се сумира во една реченица, неколкуте солоа на Зеле. Долгиот временски период на ненастапување во Македонија предизвика нивната публика да биде гладна за нивниот настап. Откако завршија публиката почна да пее „Мотори, мотори…“ по што Дивље јагоде се вратија на бис да го отсвират својот најголем хит.

Дивље јагоде
Дивље јагоде

Највеќе енергија и врискање на фестивало имаше на настапот на Прљаво казалиште. Стари според години, но млади во духот се гледаше дека беа дојдени да се забавуваат. Моменти кои го одбележа нивниот настап е пеењето на „Ми плешемо“ во нецензурираната верзија,  „Ми пијемо“  и пеењето на „Македонско девојче“ при што поканија девојки од публиката да им се придружат на сцената.

Прљаво казалиште
Прљаво казалиште

По релативно долга пауза во која почна да се празни арената се појави Џуле, сам на гитара свирејќи ја „Неко те има ночас“. Потоа се комплетираше бендот и ја забавуваа публиката до три и пол часот по полноќ.

За крај фестивалот добива одлична оценка. Се гледаме догодина на ново рокенрол фестивалско уживање.

Ван Гог
Ван Гог

Текст и фото: Тони Арсовски

You May Also Like