Конференција за говорот на омраза на Интернет

Денеска (понеделник, 24 февруари, 2014), на Правниот факултет „Јустинијан I“ – Скопје, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи Kонференцијата на тема „Правните аспекти на говорот на омраза на Интернет“. Настанот е организиран во рамки на Кампањата против говор на омраза на интернет, во организација на Студентски Парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Основните цели на конференцијата „Правните аспекти на говорот на омраза на Интернет“ се:

– запознавање на студентите со разликите меѓу говорот на омраза и навредата (како ограничувања на слободата на говорот),

– објаснување на меѓународната и домашната регулатива од оваа област, како и фактичката состојба,

– анализа на потешкотиите при спречувањето и санкционирањето на говорот на омраза на Интернет,

– споделување на искуствата на различни организации и здруженија и

– дискусија за правните механизми за спречување на говорот на омраза.

Конференцијата е поддржана од Агенцијата за млади и спорт – национален координатор на Кампањата против говор на омраза во Република Македонија.

Агенда:

12.00-12.05 Воведно обраќање од страна на организаторот

12.05-12.15 Дефинирање и препознавање на говорот на омраза – Васка Бојаџи, студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Скопје

12.15-12.30 Казнено-правните аспекти на говорот на омраза и делата од омраза – Андреј Божиновски, Здружение за кривично право и криминологија

12.30-12.45 Говорот на омраза пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур – Костадин Богданов, владин агент на Република Македонија

12.45-13.00 Потешкотиите при справувањето со говорот на омраза на Интернет – проф. д-р. Драги Рашковски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Скопје

13.00-13.15 Активностите на ОБСЕ во борбата против говорот на омраза – м-р Томе Шекерџиев, Мисија на ОБСЕ во Скопје

13.15-13.30 Говорот на омраза во Република Македонија – Александра Цветановска, Здружение на млади правници

13.30–13.45 Спроведувањето на меѓународната кампања против говор на омраза на Интернет – Зорица Стаменковска, Агенција за млади и спорт

13.45-14.00 Прашања од страна на публиката

You May Also Like