Спомен биста на великанот Никола Мартиноски во Букурешт

Неговата биста ќе биде поставена во паркот Михаил 1-ви, на просторот каде се сместени споменици на врвни имиња од светот на уметноста, книжевноста, филозофијата, политиката и други умови на човековото наследство

„Во среда (11 декември), во Букурешт- Романија, ќе ја имам честа да ја откријам спомен бистата на реномираниот македонски сликар Никола Мартиноски, кој студирал во Ликовната Академија во Букурешт…

Неговата биста ќе биде поставена во паркот Михаил 1-ви, на просторот каде се сместени споменици на врвни имиња од светот на уметноста, книжевноста, филозофијата, политиката и други умови на човековото наследство.

Нема сомнеж дека овој убав и вреден проект, дополнително ги зацврстува односите и врските меѓу двете култури, македонската и романската. Тој е колку симболичен, толку и суштински мост на одличните односи меѓу двете земји.“, објави Едмонд Адеми министерот за дијаспора.

You May Also Like