Зоолошката градина во Скопје. покрај тоа што се подновува постојано со нови животни и атрактивни живеалишта, од неодамна се појавија и нови цртежи на кафезите со информативна содржина.
Пораките се интересно дело преку кое животните се претставени како комуницираат со посетители. Цртежите се дело на Макстрип заедницата во Македонија, кои својата соработка со Зоолошката градина од Скопје ја преточија во овие едукативни цртежи.