Повик за национални волонтерски награди

Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) по повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, од 2006 година востанови Национални волонтерски награди во Република Македонија.

Повик до сите граѓански здруженија, локални самоуправи, јавни институции и државни органи да предложат кандидати за следните признанија:

Златен, сребрен и бронзен сертификат за волонтерски ангажман за 2012 година.

Предложените кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

–          Да се граѓани на Република Македонија

–          Да имаат значителни достигнувања и резултати во волонтерскиот ангажман во 2012 година

Ве молиме за предложените кандидати да испратите образложение, не подолго од една страна А4, зошто сметате дека треба да го добијат признанието (со краток опис на волонтерскиот ангажман и личните контакт податоци на волонтерот).

Краен рок за доставување на предлозите е петок 23 ноември 2012 година до 16.00 часот на следната е-маил адреса: mkcbt@t-home.mk со назнака: За волонтерски сертификат 2012.

Избраните кандидати ќе бидат известени до понеделник 03 декември 2012, а јавно ќе бидат објавени во среда 5 декември 2012 година.

You May Also Like