Заминете на стручна пракса во странство преку ИАЕСТЕ

ИАЕСТЕ Македонија го започна надворешниот конкурс за платени стручни пракси во странство за сите студенти од техничките факултети при државните универзитети во Македонија.

ИАЕСТЕ Ве води на пракса во странство. Дали сте студент? Или постдипломец? Дали сакате да ги проширите вашите хоризонти? Тогаш сте на вистинското место, во вистинско време.

Како и секоја година, така и оваа, ИАЕСТЕ Македонија објавува надворешен конкурс за платени стручни пракси во странство, на кој може да аплицираат сите редовни студенти кои ги исполнуваат критериумите и се на додипломски или магистерски студии на техничките факултети при универзитетите: „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот за информациони науки и технологии – Охрид.

Работа, искуство, шетање, запознавање и дружење со пријатели од цел свет, забава… Звучи примамливо, нели? Прочитајте повеќе ТУКА.

You May Also Like