Францускиот институт во Скопје ја организира дебатата на тема „Зошто настана кризата?“, која ќе се одржи утре (петок, 1 март 2013), во 19:00 часот во ЕУ Инфо центарот.
На дебатата учество ќе земат:
– г-дин Франк Лирзен, екомомист во фондацијата Робер Шуман, специјалист за европска економија и монератна политика;
– г-дин Ивица Боцевски, поранешен Заменик Премиер за европски прашања и политички аналитичар, и
– г-дин Абдулменаф Беџети, поранешен Министер за финансии и професор на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Дебата ќе ја модерира г-дин Жан-Ив Лавоар, Директор на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција. Предвиден е симултан превод за оваа дебата, која е од отворен карактер.
Настанот е прв од циклусот насловен „Кризата и земјите кандидати за ЕУ“ и се одржува со поддршката на Францускиот институт во Париз и фондацијата Робер Шуман.