Детскиот фестивал „Џифони филм фестивал“ и во Македонија

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (петок, 01.03.2013 година) во 11:00 часот во „Порта Македонија“ ќе присуствува и ќе се обрати на прес – конференција по повод планираните активности со познатиот детски фестивал од Италија „Џифони филм фестивал“, кој од годинава ќе се одржува и во Македонија.

Ќе присуствуваат и Клаудио Губитоси, директор на „Џифони филм фестивал“, Дарко Башески, директор на Филмскиот фонд на РМ и Фабио Кристијани, амбасадор на Италија во нашата земја.

 

You May Also Like