Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, денеска (сабота, 12 ноември 2011 година), со почеток во 19:00 часот ќе се одржи свечено отворање на Деновите на културата на Украина во Република Македонија, кога и ќе се отворат изложбите “Златната ризница на Украина” – изложба на уметнички холограми која е претставена со работи од колекциите на музеите на Украина и „Народна уметност на Украина“ – декоративно сликарство, уметничко и народно сликарство; eтнографска кукла.
Деновите на културата на Украина во Република Македонија се во организација на Министерството за култура на Република Македонија и Амбасадата на Украина во Република Македонија.
Изложба на уметнички холограми «Златната ризница на Украина» која е претставена со работи од колекциите на музеите на Украина
Холографија – тоа е приод кон снимање на обемни оптички слики на реални објекти, при кој се применуваат различни научни технологи.
Уметничките холограми широко се користат за популаризирање, како на уметнички изработки од минатите векови, така и на современите предмети на убавината.
Холографскиот метод на снимање на слики бил предложен од унгарскиот научник Денис Габо руште во 1947 година. Но во тоа време тој не го стекнал својот развој поради отсуство на кохерентни извори на зрачење. Во 1962 година, советскиот научник Јуриј Денисјук го пронашол методот за снимање на холограм, којшто дозволил да се одрази сликата со помош на обични осветлувачки ламби, без користење на ласер.
При разгледување на холограмот гледачот ја прифаќа холографската слика како самиот објект, повеќе од тоа, таа може да се разгледува под. разен агол. При тоа на холограмот се гледаат најразличните нијанси и текстурата на објектот, се засилува неговото волуменско сфаќање. Уметничките холограми даваат исклучителна можност за демонстрирање на уникати музејски предмети на уметноста, што имаат потреба од повисока зашита и кои треба да се чуваат во специјални услови, да се создаваат постојани и преместувачки изложби, да се изработуваат оригинални сувенири, да се помогне културната размена, научната сертификација на музејските колекции.
На оваа изложба се претствени волуменски оптички копии на уникати музејски реликвии кои ги прикажуваат глобалните миграциски процеси на народите на Евроазија во текот на осумте илјади години. Повеќето од нив – тоа се високо уметнички изработки од скапоцени метали и камера, и тоа:
– златни украси од скифското време;
– скифски чаши и пехари со разновидни мотиви;
– скифски плочки – украси за облеката, за коњот, на штитот и др.
Украински холографски изложби имале голем успех во Англија, Аргентина, Франција, Шпанија, Сингапур, Ватикан, Туркменистан и многу други земји од светот.
Изложба „Народна уметност на Украина“
Изложба на уметнички дела на Националниот сојуз на мајсторите на народната уметност на Украина која претставува – декоративно сликарство, уметничко и народно сликарство; eтнографска кукла.