Канческа–Милевска во официјална посета на Шведска

Министерот за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа–Милевска утре (понеделник, 14 ноември 2011 година) ќе престојува во еднодневна официјална посета на Кралството Шведска.

Во рамките на посетата, Канческа-Милевска ќе оствари билатерална средба со министерот за култура и спорт на Кралството Шведска, Лена Аделсон – Лијерот. На средбата ќе стане збор за досегашната соработка меѓу двете земји во областа на културата, но и за понатамошните активности преку кои Македонија и Шведска ќе ги интензивираат културните врски.

Како дел од посетата, министерката за култура Канческа-Милевска ќе оствари неколку работни средби со директори на институции од областа на културата во оваа земја, меѓу кои ќе се сретне со директорот на Музејот „Нобел“, Олов Амелин, како и со генералниот директор на Уметничкиот совет на Шведска, Кенет Јохансон.

You May Also Like