Музички хепенинг пред куќата на Мајка Тереза за лицата со инвалидитет

Целта на проектот е еднаков пристап за лицата со инвалидитет преку примена на методологијата на услужно учење. Како заокружување на целата оваа активност, денес (петок, 08.06.2012 година) , со почеток во 10:00 часот , пред платото на куќата на Мајка Тереза, ќе се одржи музички хепенинг, на кој ќе земат учество:

– Биба Додева
– Дани
– Александар Белов
– Маја Вукичевиќ
– Теодора Трајковска
– Фестивалот на детска песна- Златно Славејче
– талентирани деца со хендикеп, училишта и градинки кои се вклучени во проектот и други.

Инфо за проектот

Глобална цел на проектот е почеток на суштински промени во образовниот процес и професионалното дејствување во општеството,а придобивките – да се завземе правилен став и овозможи промоција и гарантирање на еднакви права согласно Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со посебни потреби.

Проектот е под покровителство на Македонско-Американската Алумни Асоцијација(МААА), Универзитетот Св.Кирил и Методиј,Машинскиот Факултет, Правниот Факултет, Студии по новинарство, ФЕИТ, Филолошкиот Факултет, Економскиот Факултет, Философскиот Факултет, Универзитетот Југоисточна Европа(ЈЕИ), Универзитетот од Загреб, Универзитетот од Сплит , г-ѓа Сандра Бруно- Советник од Универзитетот во Париз, Асоцијација на студенти и младинци со посебни потреби, Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика.

You May Also Like