Со вчерашната проекција на филмот „Во подобар свет“ десеттото издание на СИНЕДЕЈС официјално започна! Скопје нема да спие наредните 10 дни. Многу филмови, предавања, работилници, музички документарци, концерти. Денеска (петок, 11.11.2011 година ) на програмата на СИНЕДЕЈС:
ГАЛА ПРОГРАМАТА во Кино МИЛЕНИУМ
Во подобар Свет – “In a Better World” | ‘ 119
Филм со кој беше отворен СИНЕДЕЈС 2011.
Добитник на Оскар за најдобар филм од не-англиско говорно подрачје, остварување на данската режисерка Сузан Биер.
Почеток на проекција 17:30
Луѓе без земја | 60’ Премиера
Остварување на нашиот млад режисер Марко Ѓоковиќ.
За овој филм нема карти во продажба
Почеток на проекција 20:00
Фауст – “Faust” | ‘134
Последното дело на култниот руски режисер Александар Сокуров.
Добитник на Златен Лав, најдобар филм на Венеција Филм Фестивал
Почеток на проекција 22:30
На програмата е и премиерата на краткиот филм
„Девојчето со ќибритчињата“ | ’15
Oстварување на Филип Матевски.
Филмопт се прикажува во Кино ФРОСИНА со почеток од 18 часот
Во програмата СИНЕ БАЛКАН на програмата е филмот
Овде и тука – “Here and There” | ‘85
режиран од Дарко Лунгуров, кој е ексклузивен гостин на СИНЕДЕЈС. Филм награден на престижниот Triebeca FF.
Филмот се прикажува во Кино ФРОСИНА со почеток од 19:00 часот
Во ОФИЦИЈАЛНАТА СЕЛЕКЦИЈА на програмата е филмот
Срам – “Shame” | ‘99
остварување на веќе признаениот и еден од најпопуларните модерни
Британски режисери Стив МекКвин.
Филмот се прикажува во Кино ФРОСИНА со почеток од 21:30 часот
Во КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА на програмата се филмовите од Словенечката киноматографија од 17:30 „Одѕвонување во глава“ на режисерот Андреј Кошак, од 20:00 “Петеловиот појадок“ на режисерот
На Музичката програма е филмот на Вања Ковачевиќ
„Ѕвездата е родена“, а веднаш после филмот, настап во живо ќе има српското сурф-рок трио Threesome.
Проекцијата и концертот се во Менада, почетокот на проекцијата е 21:00, а концертот започнува во 23:00. Влезот е бесплатен.
Филмска работилница ќе одржи Анета Лешникова со наслов: Дали?Како?Што?
… тема: Зошто да чекаш? Сними го својот прв филм користејќи ги проверените герила методи и покажи што знаеш и умееш. Дали?Како?Што? Е еднодневна филмска работилница на која ке се презентира потенцијалот, препреките и предизвиците на новите дигитални филмски технологии.
Свое обраќање ќе има и режисерот Дарко Лунгуров. Почетокот е закажан за 10:00, а се одржува во МКЦ.
_______________________________________________________
На програмата во сабота 12.11
ГАЛА ПРОГРАМА ВО КИНО МИЛЕНИУМ
Монахот – “The Monk” | ‘101
Големиот Доминик Мол во филмот ја раскажува приказната за монахот Амбросио, кој доаѓа во искушенија веднаш откако во манастирот во кој тој живее ќе се појави нов ученик кој сака да биде „поблиску до бога“, а всушност се работи за жена која е пратена да го заведе монахот.
Почеток на проекција 17:30
Л Авр – Le Harve | ‘103
Култниот фински режисер Аки Каурисмаки со неговиот најнов филм веќе собира награди, а најзначајната е наградата на Канскиот фестивал.
Почеток на проекција 20:00 часот.
Меланхолија – “Melancholia” | ‘136
Кирстен Данст, Џастин, во оригиналното дело на Ларс Вон Триер „Меланхолија“ е депресивна, исто како и Вон Триер кога го создавал ова инзворедно филмско остварување.
Почеток на проекција: 22:30
Во Кино ФРОСИНА од 16:30 ќе се репризира филмот „Овде и Таму“
Во ОФИЦИЈАЛНА СЕЛЕКЦИЈА на програма е филмот
Душата на мувите – “Soul of Flies” 78’
дело на Jonathan Cenzual Burley
Филмот е награден на 27от Варшавски Филмски Фестивал.
Почеток на проекција 19:00
исто во ОФИЦИЈАЛНАТА програма
од 21:30 часот е Романскиот филм Најдобри намери – “Best Intentions” добитник на награда за најдобар режисер и најдобар актер на Locarno FF
Во КИНОТЕКА на прогарама се филмовите од Словенечката кинематографија од 17:30 Предградие на режисерот Винко Модерндорфер и од 20:00 Експрес, Експрес филм на Игор Штерк.
Музичката програма се одржува во Ла Кања (стара скопска чаршија) и за почеток од 21:00 е закажан филмот MOGWAI: Burning, црно бела магија на шкотските пост рок херои Mgwai, а веќе од 22:30 започнува концертот на грците Yassa, за да вечерта заврши со концерт на канаѓаните Nadja.
Од 13:00 часот во просториите на МКЦ ќе се одржи работилница MINI EAVE во соработка со филмски фонд. EAVE е една од водечките организации за организирање на тренинзи и работилници за продуценти во европа. Гости од MINI EAVE се Kristina Trapp (chief executive Mini EAVE) и Rinna Sildos (експерт) и Sarah Calderon (експерт).