Гевгелија со успешна 2011 година во областа на културата

Општина Гевгелија, како носител на проектот „Град на културата“  во текот на минатата година реализира вкупно 168 културни настани, што е за 20 % повеќе од планираните 140 културни содржини опфатени со предвидената програма на проектот.

На неколку различни сценски простори според карактерот на програмата, беа изведени 49 музички концерти, 26 театарски претстави со гостувања на 20 театарски ансамбли, отворени 49 ликовни изложби, одржани 25 книжевни манифестации и уште 20 тина настани во организација на локалните културни институции. Овој проект успеа на локалната сцена пред гевгелиската публика да донесе истакнати македонски уметници, книжевни дејци, академици, професионални актери, музичари, кои на свој начин ја пренесоа пораката на зближување и облагородување што ја носи уметноста.

Во рамки на манифестацијата, меѓу другите, како позначајни настани се издвојуваат изложбата на 39 Светска галерија на цртеж „Остен“, изложба на делата на Пикасо и Вазарели, творечкиот портрет на претседателот на МАНУ Георги Сарделов, гостувањата на МНТ, Драмски театар, Струмичкиот театар, Театарот 007, Театарот Колозов, театарски ансамбл од Благоевград, настапот на националниот фолклорен ансамбл „Танец“, извонредните „Езерки“ од Загреб, Четкар, Љубојна, Фолтин, Суперхикс и многу други.

Проектот „Гевгелија – град на културата за 2011 година“ достојно ја одбележа  125 годишнината од создавањето на Гевгелија како градска населба, за што свој огромен придонес имаше локалната самоуправа со општинските културни установи, помогнати од Министерството за култура на Република Македонија.

You May Also Like