Хуманитарна акција на „Браќа Манаки“

Пред сите проекции од 18:00, 20:00 и 22:30 часот во рамките на 33-от фестивал „Браќа Манаки“, пред Големата сала е поставена продажна камања на брендиран материјал со логото на Фестивалот.

Собраните средства ќе бидат донирани на Јавната установа Дом за доенчиња и мали деца – Битола. Целта на акцијата е подигнување на свеста за општествената и јавна одговорност, не само на фирми, туку и на културните институции.

Годинашното, 33. издание на Фестивалот, се одржува од 15 до 21 септември 2012 година, традиционално во Битола, под мотото „Продолжи да создаваш“.

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, кој се одржува секоја година во Битола, е организиран од Друштвото на филмските работници на Република Македонија, а под покровителство на Претседателот на РМ и е поддржан од Министерството за култура, Филмскиот фонд на Македонија, Општина Битола и Амбасадата на кралството Холандија. Официјален партнер е Вип, генерален спонзор е Шпаркасе банка.

 

You May Also Like