Ги користат последните топли денови за забава – Зоо Фест оваа и следната сабота од 12:00 часот на дружба со животните …
Зоо Фест забавата во скопската Зоолошка градина продолжува и во следните две саботи, од 12:00 часот. Фестивалот полека се ближи кон својот крај, па искористувањето на последните топли сончеви зраци е одлична можност за забава!
Детскиот Зоо фест е креативен концепт кој во себе вклучува пеење, забава, но и многу едукација. Двочасовната забава во импровизираната џунгла вклучува учење модерни танци, концерт на децата ѕвезди од „Поточиња” и едукативно катче каде се откриваат таленти и се учат интересни факти за животните.
Дополнително, сите деца ќе имаат можност да присуствуваат на демо час по англиски јазик според програма за рано изучување на истиот.