Велосипедски марш на мирот

По повод 22 септември, Светскиот ден на мирот,  во сабота во 12:00 часот, во Скопје ќе се одржи т.н Велосипедски марш на мирот.

Организатор на настанот се невладините организација Уметност на живеење- Македонија, Здружение за развој на вредостите на обединетите нации СУНА- Скопје и невладината организација Арт Лајф. Настанот е поддржан од Град Скопје, медиуми, невладини организации и граѓани, се со цел поддржување и развој на мирот насекаде во светот.  Во нивното соопштение стои:

Поаѓањето е пред Порта Македонија, во правец кон Собранието на Република Македонија и потоа се упатуваме кон Собрание на Град Скопје во Градскиот парк. Меѓународниот ден на Мирот се слави секоја година во сите земји на светот. Со различни манифестации, настани и акции, граѓаните се поттикнуваат да го негуваат и оддржуваат Мирот насекаде околу нас и во нас. Мирот е постојан чин на создавање.Мирот е благосостојба. Мирот е состојба и наше право. Затоа ние како граѓани на СВЕТОТ, треба да го негуваме и поттикнуваме, преку разни граѓански иницијативи и практики, подвлекувајќи го неговото значење и сила.

Со звукот на велосипедските ѕвона ќе го поздравиме и ќе го поттикнеме ширењето и пролевањето на мирот насекаде. Ве покануваме сите (со својот велосипед) да присуствувате и бидете дел од овој голем светски настан-велосипедскиот марш на мирот. Да бидеме дел од групата поддржувачи на оваа манифестација. Да бидеме предвесници на мирот. Да бидеме насмеани и спокојни чекорејки низ мирот.

 

You May Also Like