И оваа есен повторно ќе биде одбележана со културно-забавната манифестација „Вино-Скоп“. Од среда (10-ти октомври) до недела (14-ти октомври), интернационалниот вински фестивал „Вино-Скоп“ кој ќе се случи по шести пат во Скопје.
Препознатливиот мирис на добри вина повторно ќе ве доведе до веќе познатата локација, „Плоштад Македонија“. Настанот „Вино-Скоп“ прерасна во голем регионален настан кои привлекува секоја година до 50 000 посетители од Македонија и од Балканот. Комфорната атмосфера која ја нуди „Вино-Скоп“ е тешко надминлива, а комбинацијата од фантастично вино, храна и одлична музичка ја прави програма неодолива.
Во самиот центар на прекрасното Скопје ќе имате можност да изберете и пробате најразлични вкусни вина од спектарот на триесетина винарии кои ви ги нуди „Вино-Скоп“. И секако, „Вино-Скоп“ не би бил потполн без музичката програма која како и секоја година придонесува за доброто расположение на фестивалот. Можност за сите љубители на софистицираниот вкус на виното да го почувствуваат духот на градот во едно малку поразлично светло.