Асаф Адеми: Јавно ќе бидат преиспитани апликациите за кои има сомнеж, како и одбиените

Сите апликации за кои има трошка сомнеж ќе бидат отворени пред јавноста, и сите апликанти кои се одбиени пак ќе се анализираат, тоа го побарав од Комисијата, и утре од 10 часот ќе почнат со работа, вели министерот Адеми по реакциите во јавноста за резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година.

Во интервју за ТВ Канал 5, Адеми рече дека одлуката за проектите е врз основа на предлозите на комисиите составени од професионалци кои ги разгледувале апликациите, а се врз основа на критериумите од конкурсот кој што беше објавен во септември 2018.

  • Јас одлучувам онака како што ми наложува Законот за култура, не сум го измислил начинот на одлучување, ниту пак начинот како ќе бидат финансирани апликациите, наведе министерот Асаф Адеми.

You May Also Like