Ве покануваме пред просториите на Едукативниот центар во Зоо Скопје, во сабота во 12.00 часот, велат од Зоолошката градина. Со цел да се зајакне свеста за глобалниот настан (www.earthhour.org) и да се потсетиме на еко чекорите кои може да ги направиме во насока на штедење на електричната енергија во своите домови, со Вашиот пријател, Вашето дете и заеднички да ги споделиме искуствата.
Следат изненадувања за вашите деца и многу дружење!
Овој настан го организираат невладините организации: Уметност на Живеење во Македонија, Арт Лајф и СУНА Асоцијација Скопје.
Еве го и настанот на Фејсбук.