Меѓународен турнир во одбојка на песок – Скопје 2011

Во организација на Град Скопје и на Одбојкарската Федерација на Македонија, на теренот за одбојка на песок на Градската плажа „Парк“ од четврток (21 јули 2011 година) до недела (24 јули 2011 година), во термините од 17:00 до 23:00 часот, ќе се одржува меѓународен турнир во одбојка на песок „Скопје 2011“.

Турнирот ќе се одржува по втор пат, но годинава е со меѓународен предзнак, а натпреварите како и во 2010-та ќе бидат реализирани во машка и во женска конкуренција. На турнирот ќе учествуваат повеќе меѓународни двојки од: Бугарија, Србија, Хрватска, Албанија и Словенија, а најавено е учество и на една двојка од Холандија.

Во рамки на турнирот ќе се натпреваруваат и познати македонски одбојкари и одбојкарки – репрезентативци. За потребите на турнирот неодамна беше изградена и трибина со капацитет од 250 гледачи, од каде што сите љубители на овој спорт ќе можат непречено да ги следат меѓународните одбојкарски натпревари.

Покровител на турнирот е градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

You May Also Like