Заврши „Валентин за Трифун“

И официјално заврши четири дневното чествување на двата празници Свети Трифун и Свети Валентин, вчеравечер на плоштадот Македонија. На последниот ден од Манифестацијата „Валентин за Трифун“ (која беше отворена во петокот на 11.02.2011 година), присутните ги поздрави Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Valentajn 4 3fun
Valentajn 4 3fun

– Среќен сум што прв пат во нашиот град се организира настан посветен на виното и љубовта, особено сум благодарен на здружението на граѓани – Млади за Европа, коишто го организираат и реализираат овој проект. Вечерва ќе се дружиме сите заедно, без разлика на националната припадност и сите заедно тука на Плоштадот Македонија ќе ги споиме традиционалните и модерните вредности, виното и љубовта. Им порачувам на сите скопјани, што повеќе да се сакаат и да уживаат подеднакво и во љубовта и во виното коешто барем во нашата Македонија го има во изобилство, истакна Трајановски.


Покровител на настанот е Град Скопје, а Манифестацијата е во организација на Здружението на граѓани „Млади за Европа“. Во рамки на културно – забавниот дел на Манифестацијата, во овие четири дена настапија триесеттина музички групи и артисти.

Манифестацијата заврши со извонреден концерт на Гоце Арнаудов, пред огромен број посетители. Два часа уживање за сите љубители на македонската народна песна. Гоце Арнаудов уште еднаш потврди зошто е најголемата ѕвезда на фолк сцената.

You May Also Like