После долгото очекување на публиката , најдобриот македонски ска-панк состав Суперхикс се претстави пред публиката со интимен концерт во клубот Колосеум. Воедно со ова тие го прославија и својот седумнаесетти роденден- постоење на сцената . Концертот започна во 21 часот а како предгрупа се појавија Новиот почеток .
Пред точно 17 години се формира ска- панк-реге бендот Суперхикс , членовите на составот се менуваа, но сепак нивното постоење го оправдаа до денес.
Со преполниот Колосеум, го оправдаа епитетот на еден од најоригиналните бендови на сцената. Концертот започна со некои од постарите хитови на Суперхикс кои постарите генерации ги пееја заедно со фронтменот Пеце , а веднаш потоа следуваа и Тоа не сум јас, Знам дека љуби, Мислев дека знам , Машенка и секако најновата Африка. Освен ѕвездите на вечерта, на сцената се придружија , еден и единствениот Раде Рогожаров , Neletronic Guru, и DJ Славе . Впечатлив настап, како и изненадувачка костимографија , а уште поенергична публика која скокаше и пеење неколку часа , во брзиот ритам на песните на Суперхикс.
Африка и Ace of Spades беше само дел од лудилото со кое Суперхикс го најавуваат нивното полнолетство наредната година за кога го најавија и својот досега најспектакуларен концерт за сите фанови на Суперхикс.
Текст: Христина Панева
Фото: Тони Арсовски